Во информативен прилог на Телевизија АЛФА зборуваат израелските лекари специјалисти за справување со повреди од изгореници и пожар кои што се пристигнати во Скопје за да помогнат при лекувањето на пациентите од пожарот во Кочани.
Лекарите велат дека на лице место се соочија со два типа на повреди кај повредените: Првиот тип на повреди настанал директно од огнот и топлината при што настанале изгореници на горните екстремитети и главата поради тоа што пожарот бил предизвикан од кровот на просторијата. Вториот тип на повреди се од вдишување на топол воздух како и веројатно од штетни материи кои што ги имало во кровот а кои согорувале за време на пожарот.
Понатаму во прилогот на ТВ АЛФА израелските лекари зборуваат за ефикасната соработка која ја имале со Македонските лекари и целокупните тимови во болниците. Секојдневно се правело тријажа на повредените и од страна на надлежните се правела постојана проценка кои лица да бидат задржани во домашните болници а потешките случаи биле ефикасно пренесувани во специјализираните центри за изгореници во странските држави кои се одзваа на повиккот за помош преку мрежата на ЕУ.
Лекарите од израел велат дека вакви трагедии се неочекувани и дека е важен брзиот одговор на надлежните за справување со последиците од истата.
“Мислам дека во целина Македонија и болницата овде особено првовремено донесоа одлуки кои беа особено добри. Мораа бргу да направат тријажа и да определат кои се најтешко повредени пациенти а зборуваме за многу голем број на пациенти. Секоја земја би била преоптеретена ако има 150 пациенти со изгореници во рок од неколку часови. Така тие успеаа да направат вистинска тријажа, вистинска одлука да ги испратат најтешко повредените надвор, затоа што посилни и поголеми капацитети не можат да се справат со така големи бројки. Исто така од наша гледна точак одлукада да ги отворите рацете и да добиете меѓународна помош исправна зошто и поголеми болници, поголеми центри би биле преотперетени со вакви бројки. Мислам дека првично донесените одлуки беа одлични. Затоа вашата земја успеа да спаси животи, за жал толку многу млади починати, но оние кои не го загубија животот веднаш, целта беше да се спасат нивните животи, на младите кои преживеаа. Се восхитувам на одлуките и одговорот,”
-рече едниот од лекарите кои што од Израел се во Скопје да помагаат во справување со последиците од трагедијата, во изјава за ТВ АЛФА
Покрај брзата реакција во Кочани на лице место на пожарот, транспортот и укажувањето на првата помош на пациентите, експресната реакција на надлежните магедонски институции и властите ја мобилизираше Европа, во целост регионот и соседните држави. На повикот за помош во Скопје дојдоа доктори специјалисти од Србија, Чешка и Израел.
Во продолжение погледнете го целиот разговор на новинарката Ања Лукарова која разговараше со двајца израелски доктори.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајден хероин во дом на жител од Свети Николе
Кривична пријава за 4 жители на Крива Паланка
150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена