Дефинитивно лекцијата од минатото, а пред се од она кое што ни се случи минатата година не е научена, напротив, како ништо да не било!
Фактот дека за само дена
дена имаме преку ![]()
пожари во Македонија укажува на тоа дека уште треба да работиме кај свеста на граѓаните!
Во ![]()
пожари изминатите неколку дена гореше трева и ниска вегетација.
Да, трева, токму онаа трева што нема стока да ја напасува, онаа веќе сува, премногу висока, трева која е невидено горлив материјал.
Да, токму онаа трева за која го раскостивте премиерот што ја спомнал, а човекот токму знае што и зошто ја спомна.
Во преку ![]()
пожари гореа депонии.
Да, токму оние за кои со месеци пишувам и алармирам, но, кој колку чита и разбира е друга работа.
За 5 дена веќе имаме
пожари на стрништа, а жетвата е на самиот почеток.
Устата пена ми фати дека палење на стрништата не е агротехничка мерка и тој оган прави повеќегодишна штета на целата симбиоза и целиот екосистем на таа површина, но, по се изгледа “џабе веземе”.
Во
пожари изгореа и житни површини кои уште не беа ожнеани, за жал.
Само
од овие 80 пожари стигнаа или се појавија во шума и ги евидентиравме како шумски пожари.
Сите овие пожари веднаш после брзите реакции на локалните противпожарни единици, доброволните друштва и нашите вработени беа изгаснати, веднаш.
Имаме само еден пожар кој поради непристапноста на теренот ни создава веќе 3 дена проблеми, но, ќе го решиме и него.
Апелирам до граѓаните да не не ја тестираат нашата подготвеност и да не палат никакви огнови на ова претерано топло време, ниту во шума, ниту во поле, ниту пак во сопствените дворни места или бавчи затоа што многу лесно истите излегуваат од контрола.
Откако ќе биде бељата, после е доцна за се.
Да бидеме на ниво на задачата, да се однесуваме сериозно, да ја сочуваме МАКЕДОНИЈА затоа што таа е нашата единствена и заедничка татковина, таа ни е се!
-соопштение упатено до јавноста од страна на Кире Михаилов- заменик генерален директор на Национални шуми

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене