БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Конечно им текна на Берово

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

-Секој мора да ги почитува сите мерки – во целост. Тие се основна алатка за намалување на ширењето на заразата. Овој викенд сите да останеме дома со своите семејства. Издржавме и потешки моменти, заедно ќе го поминеме и овој,

-напиша Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на Фејсбук на четврти јуни со намера да ги убедува граѓаните да ги почитуваат рестриктивните мерки на владата за ограничување на движењето.

Но затоа ваквите препораки очигледно дека не важат за него самиот затоа што, ден подоцна објави фотографија на Инстаграм, каде од Беровското езеро ги поздравува граѓаните.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-Совет од другарка ми- Оди напред. Полека, но сигурно. Ви посакувам убав викенд и ве поздравувам од преубавото Беровско езеро,

-пишува Николовски на Инстаграм покрај споделената фотографија на која тој го покажува својот спортски изглед.

Одлуката на Владата да стави четири града и уште неколку помали општини под 80 часовен карантин, предизвика незадоволство кај голем број граѓани. Она што уште повеќе чуди е ставот на министерот за здравство Филипче кој изјави дека ги ставиле градовите под карантин, иако знаеле дека луѓето ќе заминат во туристичките места низ Македонија.

Фотографијата на Николовски предизвика бура реакции на Инстаграм. Во еден од коментарите се вели:

„А на Фејсбук пишуваш дека дома ќе го поминеш викендов… друг пат кога лажеш, пази што си кажал“.

Креирано од:


Пренеси го гласот