БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Конечно отворен долгоочекуваниот Младински центар во Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на пригоден симболичен начин во старата собранска зграда во Делчево беше отворен новиот Младински центар во Делчево.

Проектот се реализира во рамки на програмата на Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски како дел од неговите определба за главниот примат и фокус во јавниот живот во Делчево да го добијат токму младите делчевчани кои што преку овој силно поддржан и институционален начин ќе имаат свој младински простор за да креираат и создаваат за себе и за заедницата.

Младинскиот центар во Делчево е доделен на користење на Младинскиот совет на општина Делчево што е официјално статутарно тело во рамки на работата на Општина Делчево, а целиот процес на формализирање и подигање на капацитетите на Центарот е доделен на Граѓанската организација “Жена” од Делчево.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Градоначалникот Иван Гоцевски во врска со овој симболичен настан пренесе своја порака во јавноста во врска со значењето и целите на Младинскиот центар во Делчево:

“Со големо задоволство денеска и официјално го отворивме Младинскиот центар кој треба да биде култно место за активните млади во Делчево, простор за креативност, идеи, едукација и градење заедништво, но и простор каде ќе можат да ја насочат својата енергија и потенцијал и да бидат вистински двигатели во општеството.

Мора да истакнам дека со овој чин денеска, ние за краток рок го решивме првиот приоритет кој произлезе од граѓаните на буџетскиот форум за 2026 г. Со ова докажуваме дека ние ги слушаме потребите на граѓаните и одговараме на нивните барања.

Овој простор е создаден за младите и најавувам отворена поддршка за младите, за нивните идеи и иницијативи.

Центарот ќе работи како отворен инклузивен простор и ќе биде достапен за сите млади со цел да се поттикне нивната активност, вмрежување и учество во општествениот живот. Организацијата ЖЕНА од Делчево ќе раководи со Младинскиот центар. Јас им посакувам успешна работа, многу активности и успеси.”

-напиша на социјалните мрежи Иван Гоцевски- Градоначалник на Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace