Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова како покровител денеска ја прогласи за отворена Шестата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.
Во своето обраќање до јавноста во врска со овој настан таа ја истакна важноста за неговото постоење во рамки на нејзините политички определби за негување и развој на нашиот мајчин јазик.
“Со искрена радост ја прогласив за отворена Шестата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, којашто се одржува под мое покровителство.
Ова не е само уште една академска средба, туку жива дебата за македонскиот јазик како татковина на македонскиот идентитет, меморија и културната самосвест.
Зимската школа, особено во својот современ формат на одржување на далечина, ја потврдува вистината за македонистиката: дека е наука и духовна мисија што не познава географски граници, дека ја следи и се адаптира на динамиката на светот, свесна за сопствените извори и корени.
За мене, зимската школа е успешна форма на културна дипломатија во најдоброто значење на зборот: образовна и научна дипломатија, стимулација на меѓунационалниот дијалог и на меѓусебното идентитетско разбирање и признавање.
Верувам дека оваа зимска школа ќе стимулира Волтеровски дијалог и страсна дебата, заснована на докази и аргументи.
Знам дека долгите години дружење, разбирање и пријателство ќе вродат со топла и инспиративна атмосфера.”
-напиша на социјалните мрежи Претседателката Сиљановска-Давкова.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората, за 2026
Мециновиќ порача дека назначувањето на вмровецот Ацо Ристов за претседател на РКЕ ќе го оспори пред Енергетската заедница
Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието