БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кривична пријава против приватна фирма и двајцата управители на фирмата за даночно затајување во Делчево

Пренеси го гласот

Постои основано сомнение дека во текот на три години во периодот од 2017 до 2019 година правен субјект од Делчево затајувал данок по основ на исплата на персонален данок на доход по други основи како и данок на личен доход во вкупен износ по двата основи од над 430 илјади денари.

Ова е содржано во поднесената кривична пријава од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Делчево под надлежност на СВР Штип, поднесена против правниот субјект како и дваја управители во правниот субјект.

Во продолжение go пренесуваме извештајот од Дневниот билтен на МВР во врска со овој случај:

“Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против правното лице ДПУ „Елс Венерас Посредништво и Образование ДООЕЛ“ од Делчево и против двајцата управители Е.Ќ.(33) и А.Ќ.(56), двајцата од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Во периодот од 01.01.2017 до 31.10.2019, правното лице претставувано од пријавените управители, преку лажно прикажување на податоци за извршени трансакции од страна на физичко лице, не пресметале и не платиле персонален данок на доход по други основи во износ од 233.930 денари и данок на личен доход во износ од 202.920 денари, со што се стекнале со противправна имотна корист во вкупен износ од 436.850 денари. “

-стои во извештајот на МВР.

Креирано од:


Пренеси го гласот