БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кривична против Марко Бислимовски за Злоупотреба на службена положба и овластување

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје
поднесе кривична пријава против М.Б. во својство на Претседател на Регулаторна
комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад
на Република Северна Македонија поради постоење на основи на сомнение за
сторено кривично дело “Злоупотреба на службена положба и овластување” од
чл.353 ст.4 в.в ст.1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.
Пријавениот М.Б. во својство на Претседател на Регулаторната комисија за
енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на
Република Северна Македонија, ја злоупотребил својата службена положба и
овластување, на начин што, спротивно на Законот за енергетика и Правилникот за
лиценци иако бил должен да отпочне постапка за одземање на лиценца за
вршење на енергетска дејност, трговија на големо со сурова нафта, нафтени
деривати, биогорива и горива за транспорт-трговија на големо со еуродизел БС
(Д-Е V), биодизел, еуросупер БС 95, екстра лесно 1 (ЕЛ-1) и течен нафтен гас
(ТНГ) на правното лице ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, поради
неисполнување на законски пропишаните услови, донел незаконско Решение за
прекин на постапката и наместо лиценцата да биде одземена на 15.01.2024
година, истата е одземена дури на 14.04.2025 година, со што ѝ овозможил на
компанијата противзаконски да продолжи со вршење на енергетска дејност 15
месеци по истекот на законските услови и да учествува и да склучува договори по
однос на јавни набавки. Со горенаведените дејствија, пријавениот ги повредил
прописите кои бил должен да ги спроведува и му овозможил на правното лице
ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје да оствари вкупен промет во висина од
194.520.962,00 денари и да се стекне со противправна имотна корист во износ од
14.093.576 денари.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace