На 26.01.2026 во периодот од 17:30 до 18:00 часот, по наредба на Основен суд Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево извршија претрес во домот и помошни простории на В.М.(30) од с.Тодоровци, општина Македонска Каменица. При претресот, во гаража се пронајдени и одземени ловечка пушка „Црвена Застава“ калибар 16GA и седум кутии со вкупно 155 ловечки патрони калибар 16GA. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Кај 30 годишен жител на с. Тодоровци во МАкедонска Каменица пронајден арсенал на ловечко оружје


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи
Кочани го одбележa 2 Април – Меѓународниот ден на литературата за деца