Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против О.Н.(50), од с.Облешево, општина Чешиново – Облешево, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и против Ј.П.(47) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. Во април 2023 година, првопријавениот во својот дом му овозможил на второпријавениот да користи марихуана. Додека, на 04.10.2023 полициски службеници извршиле претрес во домот на првопријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
Кривична против жители на Облешево и Штип за сомневање дека тргувале со марихуана

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!