На прес конференција од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста упатија повеќе прашања кои се однесуваат на работата на локалното комунално претпријатие “Брегалница” од Делчево.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево Иван Гоцевски во интерес на јавноста која е директно засегната од работата односно неработата на ЈКП “Брегалница” што се рефлектира во квалитетот на живеење на сите граѓани, јавно ги запраша локалните власти во Делчево дали се вистинити информациите дека полициски инспектори влегле во службените простории во претпријатието со цел за обезбедување на документи поврзани со индиции за сторен криминал.
“Делчево Картата на криминалот во Делчево секојдневно ја дополнуваат локалните шерифи од опозициската СДСМ, но ВМРО-ДПМНЕ вети безбедна и стабилна држава за граѓаните и тоа секојдневно го докажува.
Јавноста и граѓаните, мора да се запознаени со случувањата во нашата општина.
За криминалот и корупцијата, за долговите и тендерите, и за незаконското работење на миленичињата на градоначалникот Горан Трајковски.
Затоа најпрвин јавно го прашуваме директорот на Јавното Комунално Претпријатие – Брегалница од Делчево , Стојче Стојковски , дали е точно дека се соочува со судска наредба за одземање на документи на основ на сомневање за сторени неколку кривични дела во претпријатието со кое тој раководи?!
Дали е посетен од страна на инспектори од МВР Делчево, по претходна наредба од судија за одземање на документи и кои документи му се одземени?!
Дали градоначалникот Трајковски е запознаен со тоа колку длабоко тоне во своите криминали неговиот миленик и тоа на грб и штета на граѓаните и дали мислевте дека сето тоа ќе остане така неказнето?!
Дали последните месеци од локалната власт во Делчево ќе ја искористите за да ја доуништите општината и институциите кои се во ваши раце ?
Граѓаните имаат право да ги знаат одговорите, се надеваме дека ќе имате лице да ги обелодените истите пред народот, затоа што пред правдата и законите веќе сте на патот на одговорност!”
-стои во интегралниот текст на прес конференцијата на Иван Гоцевски- Претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево