БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Левица: Породилниот надоместок повторно доцни – мајките оставени без пари

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Додека премиерот Мицкоски говори за „поддршка на наталитетот“, во пракса нивните неспособни функционери дозволуваат мајките да чекаат без основни средства. Скандалозни се информациите дека породилниот надоместок повторно доцни со недели, а Фондот за здравствено осигурување молчи. 

Денес е 25 април, а голем дел од мајките сè уште немаат добиено надоместок за март. Тие укажуваат дека од институциите добиваат неточни и променливи информации, најчесто дека „секој ден се очекува исплата“, која сепак не се реализира за сите. Исплатите се вршат селективно, по нејасни „групи“, без транспарентни критериуми. Некои мајки добиваат средства навреме, додека други чекаат две до три недели или повеќе. Не постои фиксен датум за исплата, туку секој месец мајките го дочекуваат со  неизвесност. 

Ова повторно ја докажува игнорантноста на десничарската власт кон мајките. Потсетуваме дека претходно пратениците на Мицкоски го одбија предлог-законот на Левица за забрана за отказ при бременост! Наместо системска поддршка за мајките кога наталитетот драматично опаѓа, десничарите на власт штедат токму на нив.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Левица јавно ги прашува министерот за здравство Азир Алиу и директорот на ФЗО Сашо Клековски – зошто повторно доцни породилниот надоместок? Дали ова потврдува дека буџетот е празен поради расипничкото работење на власта и цехот за тоа го плаќаат мајките со неизвесност и несигурност?

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace