Контрареплика на пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ кон министерот за транспорт – Александар Николоски кој наместо да одговори на поставеното прашање, потенцираше дека Левица била виновник за високите цени на становите:
„Да кажете дека Левица е виновна за квадратот од 2.500 ЕУР, тоа е чиста когнитивна дисонанца. Јас со 29 години сум виновен, а не тие што со децении владеат и имаат партнери во урбанистичката мафија. Тие што седат по ручеци, вечери и кумства со инвеститори, тие не се проблем – проблем е Левица.
Велите дека ние создаваме хистерија?! Хистерија е кога семејствата не знаат каде ќе живеат. Хистерија е кога млад човек се иселува затоа што нема услови за живот. Хистерија е кога луѓето живеат во станови што прокапуваат и не можат да си дозволат нормален живот. За граѓаните, проблемот не се ДУП-овите, туку тоа што нема регулација на кириите, што нема социјално домување и што индустријата е целосно дерегулирана. Триесет години нема никаква контрола, се концентрира богатството кај шпекулантите, а Вие зборувате за Левица. Дајте да донесеме закони и да ја регулираме индустријата. А не да зборуваме за ДУП-ови додека во реалноста профитираат Нефи и Мијалков.”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората, за 2026
Мециновиќ порача дека назначувањето на вмровецот Ацо Ристов за претседател на РКЕ ќе го оспори пред Енергетската заедница
Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието