БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски пред партискиот подмладок: Младите во државата најсилно ги чувствуваат црнилата на оваа власт

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На денешната Годишна конференција на Унијата на Млади сили на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржува по 27 пат, Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски пред партискиот подмладок испрати силни пораки поврзани со состијбата и условите под кои младите во Република Македонија моментално живеат и преживуваат.

Обраќајки се кон ВД Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ,
Јован Јаулески , својот говор Мицкоски го започна со цитати од неодамна починатиот режисер Љубиша Георгиевски:

Јовче има еден човек кој што за жал не е меѓу нас, почина и многу пати се консултиравме изминатава година, јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ тој како поранешен,  човек кој што многу оставил во партијата, бил претседател на Собранието, дипломат и ми велеше ова твоето многу налкува на моето. Велеше тие што во животот очите ми ги вадеа, понатаму веѓите ми ги цртаа. 

-за потоа да продолжи со цитат од исто така неодамна починатиот писател Горан Стефановски со чии што зборови во голема мера се прави аналогија на актуелните општествени неприлики кои се имаат надвиснато над Македонија:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

„Најстрашни се оние времиња кога самиот дом се претвора во туѓина, во џенем, во јабана. Кога човек е на своето огниште, а саштисан и отуѓен. Кога во својот дом е внатрешно раселено лице. Кога „тагата“ не е поради отсуство туку поради присуство. Кога седи среде куќи, а не може да си ја препознае домата. Не ни е мака што не можеме да бидеме она што не сме, но зошто никако докрај не може да бидеме она што сме.“

-го цитираше Мицкоски вечниот Горан Стефановски за да продолжи:

И вака некако тече секојдневието на луѓето во Македонија, додека власта гледаме како пополека го разградува секој нејзин дел, полека ни го одзема домот, кој за нас е единствен, и не само она што природно ни припаѓа, но и она за што сме се избориле и наследиле.

Но што е победата? Победата е искуството од загубените и славата од добиените битки. И се додека има исправени луѓе знам дека Македонија ќе продолжи да постои и да чекори, со сите свои порази, но и победи.

Здивот ќе се претвори во ветре, ветрето во силен ветер, а тој во олуја за сите оние кои и напакостуваат на земјата. Така се раѓале востанијата, револуциите, но и преродбите, а тие биле против неправдите и за човечките правдини. И тие се подготвувале со своите бедеми, и вистински потпори. Со искуството на возрасните и непрегорот и енергијата на младите.

Погледнете го во продолжение целиот говор на претседателот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ на овогодинешната конференција на подмладокот на оваа партија во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот