Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во рамки на своето синоќешно гостување на програмата на ТВ Шења зборуваше меѓу другото и за процесот за креирање на нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ по победата на претстојните парламентарни избори.
Тој во своето образложжение нагласи дека во идните преговори за креирање на новата македонска влада со потенцијалните партнери кои ќе изразат можност и подготвеност да се вклучат во владата од актуелните опозициски партии ќе разговара за визија и конкретни мерки и активности со кои што владата би го подобрила животот на граѓаните во државата.
Тој ја спомена и досегашната пракза на обиди за преговори кога одредени политичари предлагале соработка за нивни лични интереси, што тој категорично ги отфрлал и во иднина ќе ги отфрли сите такви намери на било кој.
“Да не влегуваме во замка на владата. Со било кој партнер, преговорите е потребно да се темелат на база на аргумент и визија, без притоа да се дозволи да се фаворизира одредена компанија за било кој проект. Тоа е она што нас не прави различни од оние кои сега не гледаат проект да реализираат туку се пазарат која фирма да ја одберат.”
-напиша Мицкоски во прилог на делот од виде интервјуто со новинарот Насер Селмани објавено на социјалните мрежи.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Миџкалис Рохас се сретна со невладини организации за да го презентира Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
Обвинение за организација на борби со кучиња
Лишена од слобода радовишанка поради лажна дојава за бомба во училиште во Радовиш, поднесена е кривична пријава