Денеска во рамки на нејзините работни обврски Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини беше во посета на општина Македонска Каменица и Градоначалникот Димче Атанасовски.
На средбата со луѓе од својот тим Министерката Божиновска разговарала со градоначалникот Атанасовски за потенцијалните можности кои што стојат на располагање за развој на општината во делокругот на работата на министерството кое го предводи во интерес на обезбедување на подобар живот на граѓаните на општината но и поширокиот регион.
“Заеднички чекори кон енергетска одржливост и локален развој ![]()
Локалните заедници се срцето на одржливата енергетска трансформација.
Остварив работна средба со градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски.
Македонска Каменица е рударски регион со огромен потенцијал. Разговаравме за нови развојни можности и подобар живот за граѓаните.
Министерството останува посветено на поддршка на локалниот развој со реални, долгорочни придобивки.”
-информираше преку социјалните мрежи министерката Сања Божиновска.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене