Од денеска на терен во секоја населба во Штип ќе патролираат постојано вработени службени лица кои што се задолжени за воочување на потребите и алармирање на општинските служби за поефикасно решавање на проблемите на граѓаните.
На ваков начин градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов објави отворена војна на комуналните проблеми, подобрување на јавната чистота и безбедност во општината.
“Целта е секоја урбана заедница и секој граѓанин постојано и на дневна основа да имаат линк со локалната самоуправа, за поефикасно решавање на предизвиците со кои се соочуваат”
-информира градоначалникот Јорданов во врска со овој нов сервис воведен з граѓаните во Штип
“Почитувани сограѓани, од денес десетина вработени во општината постојано ќе патролираат во населебите, доколку забележете комунален проблем или неред, пријавете на следниве телефонски броеви:
078/375-437 за УЗ Железничка, УЗ Пребег и УЗ Три Чешми
075/362-838 за Централно градско подрачје (УЗ Тошо Арсов, и УЗ Брегалница)
075/375-893 за УЗ Славчо Стојменски 1, УЗ Славчо Стојменски 2 (Леваци и Св.Недела)
078/472-617 за УЗ Автокоманда 1, УЗ Автокоманда 2 (Туш)
075/357-459 за УЗ Васил Доганџиски (Гимназија, Деснаци и Пролет)
075/345-383 за УЗ Баби и УЗ Караорман
075/338-597 за УЗ 8-ми Ноември и УЗ Ново Село
075/357-439 за УЗ Македонка, УЗ Балканска и УЗ Чардаклија
075/357-892 за УЗ Автокоманда 3 (Дузлак) и УЗ Сењак
Сите заедно за поубав Штип …”
-соопшти во јавноста градоначалникот на Штип Иван Јорданов.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот Гоцевски ги повика граѓаните на Делчево да го креираат новиот Буџет на општината
29 годишник од Кочани ја нападнал својата 35 годишна вонбрачна сопруга
Работник паднал во отворена шахта на неговото работно место во селото Градец, виничко