Колку Народната милиција во Венецуела е реален и застрашувачки противник на мешањето на САД во внатрешните политики на Боливарската Република?
После неколкуте неуспешни обиди на самопрогласениот претседател Гуаидо кој е поддржан од американските власти, да изврши удар во земјата и да ја превземе власта, тој побара директна поддршка и помош во неговите напори од неговите странски патрони.
Но, на ваквите најави од страна на Гуаидо, народот на Венецуела има свој одговор. А тоа е Народната милиција на Венецуела, која е формирана како народно цивилно движење за одбрана на земјата од странски агресори од страна на Водачот на Боливарската Република Хуго Чавез во 2008 година.

Од тогаш па до денес бројот на членови на Народната милиција на Венецуела порасна на 1,6 милиони членови кои се подготвени за одбрана на револуцијата (како што самите соопштуваат).
Во видеото во продолжение може да се погледнат детали од активностите на оваа организирана народна групација во Венецуела, која е значајна причина за дефинирање на понатамошниот тек на настаните со актуелната политичка криза во Венецуела поттикнат од самопрогласот на Гуаидо за претседател на Венецуела, -поддржан од СДС, наспроти Николас Мадуро кој е избран на демократски избори од страна на народот на Венецуела.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Синдикални играрии: Митревски- Трендафилов е нелегитимен претставник на „ССМ“
Премиерот Мицкоски во посета на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини – поддршка за стабилен и одржлив енергетски сектор
Гевгелија е град на културата за 2025 година