БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за спроведување на консултативен процес за Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), согласно со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси е надлежна институција за донесување петгодишна национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (во натамошниот текст: НС), со акционен план за нејзино спроведување. Заради остварување на оваа своја надлежност, ДКСК го координира целокупниот процес на изготвување на Националната стратегија и акциониот план за нејзино спроведување.

ДКСК во текот на 2025 –та и почетокот на 2026 – та година ги спроведе сите фази за подготовка на новата Национална стратегија и тоа подготви Методологија за проценка на ризиците од корупција за потребите на изработката на НС 2026-2030, направи Проценка на ризиците од корупција за потребите на изработка на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030, и донесе Методологија за изготвување на НС2026-2030. Овие процеси беа спроведени со континуирана вклученост на претставници на државните органи и институции, здруженија, фондации, приватниот сектор и медиумите.

Согласно со Методологијата за изготвување на НС 2026-2030, во овој петгодишен период фокусот ќе биде ставен на следните хоризонтални области/сектори:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace
  • Јавни набавки,
  • Надзор над спроведување на законите,
  • Правосудство,
  • Просторно планирање, урбанистичко планирање и градежништво,
  • Транспорт и инфраструктурни проекти,
  • Здравство и
  • Животна средина, енергетика и природни ресурси.

Со цел обезбедување највиски стандарди при подготовката на овој петгодишен антикорупцски документ и детална претстава за ризиците од корупција во секоја област, во процесот на подготовката на НС 2026-2030 беа ангажирани повеќе домашни и еден меѓународен експерт. Заради почитување на принципот на инклузивност, во периодот октомври – декември 2025 година беа одржани 21 целодневна работилница, по три за секоја предвидена област, на кои ДКСК интензивно работеше на утврдување на визија и цели за секоја хоризонтална област/сектор опфатени со НС 2026-2030, детектирање на приоритетните проблеми во истите, како и предвидување мерки, активности и надлежни институции за надминување на проблемите кои генерираат висок степен на корупција. Како резултат на овие работилници, но и на дополнително одржаните состаноци со институции и засегнати страни за конкретни прашања од нивниот домен, изготвена е Предлог Националната стратегија  за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030, со акционен план за нејзино спроведување (Предлог стратегија).   

Меѓународните практики и стандарди во оваа област, како и Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата, која во член 5 ја нагласува потребата од вклучување на општеството во креирањето координирани антикорупциски политики, укажуваат на значењето на јавната партиципација. Оттука, ДКСК смета дека, иако при подготовката на мерките и активностите од акциониот план беше применет партиципативен пристап со активно учество на сите релевантни општествени чинители, Националната стратегија, пред нејзиното донесување од страна на ДКСК, треба да биде ставена на јавен увид и достапна за коментари од пошироката јавност.

Консултативниот процес започнува на 26 мај 2026 година, со што заинтересираните страни и граѓаните ќе имаат можност да ги достават своите коментари на Нацрт стратегијата заклучно со 08 јуни 2026 година.

Очекуваме доставените коментари да бидат во насока на аргументирано подобрување на постојните или предлагање на нови антикорупциски мерки и активности во Акциониот план на Предлог стратегијата. Поради тоа препорачуваме:

  • Коментарите да ги внесете директно во документот Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2026, користејќи track changes или текст во црвена боја, како и корестејќи алатка за коментар (add comment).
  • Доколку сметате дека има потреба од предлагање на нова мерка и/или последователни активности, може да го користите празниот образец што е даден во прилог насловен како „Нова мерка и активност“. Притоа задолжително наведете во горниот дел од образецот за кој сектор и проблем се однесува предлогот.

Откако ќе бидат разгледани вашите прилози кон НС 2026-2030, коментарите што ќе бидат прифатени ќе бидат соодветно вклучени и во текстуалниот дел од Националната стратегија од страна на ДКСК.

Забелешка: коментарите, забелешките и  дополнувањата на НС 2026-2030внесете ги на следниот начин:

  1. Отворете го word документот „ПРЕДЛОГ – НС 2026-2030“;
  2. Сочувајте го на вашиот компјутер со користење на „save”;
  3. Откако ќе ги внесете вашите коментари, забелешки, дополнувања користејќи track changes, текст во црвена боја или коментар, сочувајте ги во документот и истиот доставете го на следната електронска пошта: nacionalnastrategija@dksk.org.mk.
  4. Доколку предлагате нова мерка и активност, откако ќе ги внесете во образецот „НОВА МЕРКА ИЛИ АКТИВНОСТ“, доставете го документот на истата електронска пошта.

По разгледување на коментарите и конечното усогласување на Предлог Националната стратегија, ДКСК ќе ја донесе Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030, со акционен план за нејзино спроведување по што, согласно со членот 18 став (3) од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, истата ќе ја достави до Собранието на Република Северна Македонија за усвојување.

Извор: ДКСК

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace