Во „Тема на денот“ на ТВ Сител гостуваше заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој зборуваше на повеќе теми од кои и за влезот на трет мобилен оператор. Тој ги образложи очекувањата од компанијата “4iG”, кога се очекува да започне со работа и кои ќе биде бенефитите за граѓаните.
“Ова е нешто што го ветивме само што беше избрана Владата некаде октомври месец по изборот на Владата го потпишавме Меморандумот за разбирање со “4iG” и драго ми е дека стигнавме до финале. Процесот можеше да заврши пред три, четири месеци но зaради локалните избори, целиот процес се одложи и еве конечно завршува, вчера беше донесена одлуката во рок од 10 дена 4iG да го плати надоместокот кон државата и после тоа да почнат да работат, секако тие си имаат свои бизнис планови на кој начин тоа ќе го реализираат“, истакна Николоски.
Тој потенцираше дека најважно е што со влезот на третиот мобилен оператор конечно ќе се сруши дуополот што постои меѓу двата мобилни оператори.
„Но, она што е најважно за мене е дека конечно ќе се сруши дуополот којшто беше создаден помеѓу двата мобилни оператори и дека конечно и граѓаните и бизнисот ќе имаат понуда ќе имаат избор, ќе има натпревар за подобри услуги и пониски цени“, рече Николоски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот