МЖ Транспорт потпиша договор со ЕВОР за најмалку 5 нови товарни локомотиви, а работиме и со Светска банка за набавка на нови возови. На ова го додаваме и проектот за Градски воз, првата линија ќе започне да функционира на 1 септември и набавката на нови електрични автобуси, истакан вицепремиерот Николоски во поткастот на порталот Курир.
“ Ова е еден од најзначајните проекти кои го работиме иако не е голем по обем. Прво многу ќе помогне во намалување на загадувањето во Скопје, второ ќе го смени системот на живот во приградските населби и трето ќе воведе една култура на помалку користење на возила и повеќе користење на воз и најважното ова се проекти кои ги имаат најголемите европски градови. Ние паметно ја користиме постојната инфраструктура што ја имаме, само ја надградуваме. Веќе сме во напредна фаза на линијата која оди од Зелениково-Драчево-Лисиче-Кисела Вода -Аердром до нова железничка Скопје. Би требало до крај на месец јуни да биде завршена за од 1 септември да функционира оваа линија. Паралелно на ова се работи на проектирање со Градежниот факултет и втората половина од оваа година да објавиме тендер и за останатите две линии и тоа од Нова железничка станица преку Бутел – Скопје Север до Ѓорче Петров и втората од Нова железничка преку Автокоманда- Маџари и завршува во Илинден и очекувам истите да бидат завршени крајот на 2027, почеток на 2028 година. Ако на ова додадеме дека оваа есен Скопје ќе добие 100 електрични автобуси тоа ќе значи многу во намалување на загадувањето во градот”- изјави Николоски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска со своја објава ја одбележа 34 годишнината од монетарната самостојност на Македонија
СДСМ: Градоначалникот на Крива Паланка мора да го праша народот – референдум за рудникот за антимон!
Петрушевски: Филипче на кој дома му е во Дубаи, не може да збори за патриотизам и државни интереси, дополнително само и штети на евроинтеграцијата на Македонија