БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Николоски: За сквернавењето на театарот во Скопје е виновен Зоран Заев!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ужаснат од сцените на дивеење на членовите на навивачката група “Шверцери” во салата на новиот театар во Скопје одговорноста за овој немил акт ја лоцира директно кај директорката на МНТ, Министерот за култура и Зоран Заев кој е најодговорен во државата за секоја институционална аномалија.

Во продолжение ја пренесуваме реакцијата на Николоски упатена преку социјалните мрежи:

Во институција што е врв на културата во Македонија гледаме врвна некултура и дивјаштво. Колку треба да немате чувство кон институцијата која ја водите да ја издадете на навивачка група! Па уште истата да се вика Шверцери!!! Името на навивачката група сугерира криминал. Што да очекувате од таква навивачка група освен сквернавење на најубавиот театар во Македонија? Тоа е разликата – некој гради, некој уништува!!! За ова е потребна оставка на директорката на МНТ, министерот за култура, како и одговорност од Зоран Заев! Заев е виновен!

-реагираше Александар Николоски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace