БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Оливер Спасовски го злоупотребил хеликоптерот на МВР за себепромоција

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

✅ Оливер Спасовски ги злоупотребува државните ресурси за сопствена политичка промоција, Државната комисија за спречување на корупција и останатите надлежни институции веднаш да постапат и да го истражат случајот.

🛎️ Кога вработените во Министерството за внатрешни работи, работат и функционираат во услови кои се далеку под стандардот за нормално функционирање на полицијата и кога поради лошото менаџирање на Министерството за внатрешни работи, оваа државна институција тоне во отпад, парите на полициските службеници и граѓаните се користат за политичка промоција на Оливер Спасовски, кој за личен ПР и за политичка промоција во пресрет на претседателскиот избори, објави високо квалитетен спот, платен од буџетот на Министерството за внатрешни работи, каде тој лета и се фотографира со полицискиот хеликоптер.

🗣️ Имајќи предвид дека употребата на полицискиот хеликоптер се прави само во исклучителни случаи го повикувам Министерот за внатрешни работи, да даде одговор во јавноста: која е потребата за политички цели да се употреби хеликоптерот? колку чини реализацијата на овој промотивен спот? Дали употребата на државен хеликоптер со полициски ознаки не е злоупотреба на позицијата за политички и лични цели? Кој е бенефитот на граѓаните од трошењето буџетски пари за себепромоција и политички цели?

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

‼️ Воедно, ја повикувам Државната комисија за спречување на корупција и останатите надлежни институции веднаш да постапат и да го истражи конкретниот случај на злоупотреба на државните ресурси во политичка промоција.

-реакција на Наќе Чулев– поранешен Министер за Внатрешни работи

Креирано од:


Пренеси го гласот