Повеќе пати во минатото градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски во јавноста се фалеше со изградбата на новиот градски пазар за кој властите инвестираа над 50 милиони денари за објектот и пропратната сообраќајна инфраструктура. Над 30 милиони денари се инвестиција на ЕЛС Делчево, додека останатите беа инвестиција на централната власт со што во повеќе наврати Зоран Заев и Димитар Ковачевски во улога на премиери се појавуваа на пазарот во обид за да ќарат некој политички поен во јавноста.
Повеќе од јасно е дека изградбата на еден ваков објект беше потребна за Делчево, но со оглед на големата инвестиција а минималната искористеност на овој прект,се наметнува прашањето дали овој проект како што е реализиран не претставува во голема мера промашена инвестиција на властите на СДСМ?
Концепцијата за изградба на пазар од ваков вид е проблематична од повеќе аспекти за што поединци и опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ реагираше во јавноста во повеќе наврати:
- Отворениот тип на зелен пазар е лошо решение како за граѓаните на Делчево така и за закупувачите на тезги, во екстремни услови на драстично ниски температури зимно време и високи температури летно време, како и провевот кој што се создава во пролет и есен на самата локација,
- Оддалеченоста на пазарот од сите населби на живеење на делчевчани претставува нарушување на традиционалчните навики на граѓаните за одење на пазар. Во Делчево поголем број на пензионери и повозрасни граѓани се тие што традиционално одеа на претходната локација на пазар, но попатно имаа можност да застанат на соодветни места кои што беа уредени за починка (паркчиња, клупи, со фонтани за разладување и сенка од постојни дрва или други објекти). Постојната изложеност на новиот градски пазар до кој што се пристига преку д сообраќајници долж кои нема ниту една клупа, ниту една фонтана, ниту една настрешница претставува голем проблем за граѓаните на Делчево кои што одат пешки да пазаруваат, а особено овој проблем е поизразен кај повозрасните делчевчани кои традиционално во поголем број го посетуваат градскиот пазар.
- Непостоење на други содржини на самиот објект го прават градскиот пазар неатрактивна дестинација за понатамошен развој и од таа причина истиот ќе стагнира во наредниот период. Така што инвестираните пари (над 50 мил денари) наместо да генерираат нови приходи ќе бидат проблем за одржување на постојно изградените настрешници и сообраќајници во годините што доаѓаат.
- Големата инвестиција од 50 милиони денари за објект кој се користи само еден ден во неделата е крајно неодговорно трошење на парите на граѓаните, додека 6 дена во неделета оваа скапа метална настрешница е собиралиште на кучиња скитници и ништо друго.
Токму поради овие причини и неколку други помали, овој концепт за изградба на градски пазар во Делчево е промашена инвестиција од причини што не ги задоволува модерните приоритетни потреби на граѓаните на Делчево. Промашеноста на овој концепт се гледа и во можноста на граѓаните да купуваат земјоделски производи во локалните пилјари но и во поголемите маркети кои што се подостапни за граѓаните во попрометните улици во централното градско подрачје каде што има повеќе други содржини и поголем избор на производи во понуда за потребите на делчевчани. Од досегашни искуство на повеќемина делчевчани поедноставно е да идат да пазаруваат во некој од затворените маркети каде што им цел асортиман на производи за нивни дневни потреби вклучително и земјоделски производи, наместо посебно да одат на зелен пазар да пазаруваат а потоа да одат и во маркет да пазаруваат каде што исто така има земјоделски производи на понуда. Ваквата промашена концепција на пазарот ќе доведе до негова неатрактивност за операторите со земјоделски производи за широка потрошувачка.
Концептот за изградба на нов градски пазар беше предмет на политички програми во 2017 година на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Додека актуелниот градоначалник Горан Трајковски го нудеше тогаш актуелното решение кое што се реализираше со сите негови недостатоци, тогашниот кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ нудеше сосема поинакво решение за изградба на нов ЗАТВОРЕН градски пазар по пат на Јавно приватно партнерство со содржини кои што гарантираа негова целосна оправданост и функционалност во текот на целата недела со застапени затворен маркет, пицерија, кафе барови, бутици и останати трговски содржини кои што ќе гарантираа постојана ангажираност на овој проект.
Решението за кое што имаше подготвено и техничка документација од страна на претходниот градоначалник на Делчево Горан Малешевски беше развиено врз основа на пошироки анализи и изработена COST-BENEFIT анализа, но истото од неразбирливи причини не продолжи со реализација.

ФОТО: ГРАФИЧКИ ПРИКАЗ 3Д ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА ЗА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ИЗГРАДБА НА НОВ ГРАДСКИ ПАЗАР ИЗРАБОТЕНО ВО МАНДАТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГОРАН МАЛЕШЕВСКИ 2009-2013 ГОДИНА КОЕ ШТО ОСТАНА ВО ФИОКИТЕ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Но граѓаните на Делчево во таа 2017 година го избраа концептот на Горан Трајковски кој што после 6 години стана реалност во Делчево.
А таа реалност во себе ги содржи сите погоре наброени проблеми кои што го доведуваат под знак прашање потребата и оправданоста на вака потрошените над 50 милиони денари од буџатот на граѓаните.
За ваквата ситуација своја реакција во јавноста споделија од ВМРО-ДПМНЕ ОК ДЕЛЧЕВО кои што ја критикуваат неискористеноста на овој објект:
“‘Големата’ инвестиција на локалната власт во Делчево. Енормна сума потрошени пари на граѓаните , за подобар животен стандарт на Делчевчани.
Сето ова убаво би звучело за нашиот град, ако толку фамозно најавуваниот и толку долго очекуваниот пазар, на градоначалникот Трајковски и премиерот Ковачевски, би бил максимално искористен простор за потребите на граѓаните секојдневно.
Кога конечно ќе сватите господа од СДСМ Делчево дека за локален економски развој е потребен план и здрава и континуирана стратегија?!
Жалосен е фактот , што цело раководство на сдсм , вклучувајќи го и премиерот , го отворија овој ‘голем’ проект на нивниот градоначалник , за да тој проект во сите денови во неделата, отсем сабота, изгледа како најзапуштената локација во Делчево, како и дом на кучињата скитници.
Дали повторно поставуваме погрешно прашање Господине Трајковски?
Не, нема погрешно поставено прашање. Има прашање на кое што сакате или не сакате да одговорите. Можете или не можете да одговорите. Имате или немате одговор…многу едноставно!
Но кога се работи за толкава инвестиција пари на граѓаните, ќутењето не е злато.
ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево во наредниот период ќе се бори за подобрување на состојбата со нефункционалниот објект за кој се потрошени огромни суми на пари на граѓаните за да биде користен само еден ден во неделата.
#Концепт800Плус#ВМРОДПМНЕ#ЗаДелчево#ПроектиЗаГраѓаните“
-реагираа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево во врска со ваквата состојба со градскиот пазар во Делчево.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ДРЗ алармира за огромен број суштински и технички проблеми во работењето на ЈКП “Брегалница” Делчево
По изгласување за нов в.д. градоначалник на Кочани Венко Крстевски прва соработка остварува со градоначалникот на Струмица
27 годишен жител на Македонска Каменица осомничен дека ширел расистички и ксенофобичен материјал на интернет