Општината Македонска Каменица го тргна од јарболот своето знаме и го скри во своите службени простории.
Тоа за некои луѓе се смета за капитулација во воени времиња.
Со одредбите на Преспанскиот договор забрането е употреба на златно-жолтото сонце од страна на институциите.
Еден од граѓаните на оваа рударска општина во Брегалничкиот регион на социјалните мрежи сподели свој коментар и фотографија по овој повод:

Со послушност на рекетарската врхушка градоначалничката …. се негира самата себеси со тргање на знамето на Општина Македонска Каменица. Па да беше некој малку поасален ке откажеше послушност на тоа врхушката или ке си дадеше ОСТАВКА, но како што гледаме убави им се паричките што ги земаат од по 2-3 места од Општината која сакаат да ја збришаат.
СРАМ ДА ВИ Е!!!
ПАДАВЛАДА
Ви се ближи крајот
-напиша на социјалните мрежи граѓанин на Македонска Каменица.
Од општината соопштиле дека
Ние сме во постапка за промена на општинското знаме и ова точка ќе биде разгледана на првата наредна седница на Советот. Во меѓувреме, знамето не се истакнува,
информираат од Македонска Каменица за ТВ Стар..


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево
Починат 47 годишен жител на с. Лаки, виничко донесен во Брзата помош во Виница
Драган Ковачки во присуство на членови на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ одаде почит пред спомен плочата кај месноста Свиланово, кочанско каде загинал Никола Карев