Кандидатот за градоначалник на општина Чешиново-Облешево Јорданчо Костадинов во рамки на својата тековна предизборна кампања секојдневно ги афирмира проектите застапени во неговата програма со која ја бара довербата на жителите на неговата општина.
Еден од позначајните проекти во предизборната програма на Јорданчо Костадинов е реконструкцијата на објектот на детската градинка во селото Облешево со кој што значајно ќе се подобрат сместувачките услови за предучилишното воспитување и образование на дечињата кои ја посетуваат оваа предучилишна институција.
“Драги мои сограѓани,
За нашите најмали – за нашата иднина! Со голема радост ве известувам дека наскоро ќе ја реконструираме и санираме детската градинка „Ѕвездички“ во с. Облешево. Време е децата да имаат топол, безбеден и модерен дом каде ќе растат со насмевка, љубов и грижа. Нема поголема инвестиција од инвестицијата во нашите деца – тие се нашата иднина и сила.
Сите заедно, чекор по чекор, градиме подобро утре. За нас, за нив, за целата Општина Чешиново-Облешево.”
-соопшти преку социјалните мрежи Јорданчо Костадинов во врска со најавата за реализацијата на овој проект.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Познатиот актер Милош Биковиќ во посета на Берово: Се најавува најголемата инвестиција во историјата на општината
Кривична за 37 годишен виничанец за нанесување на тешка телесна повреда на свој сограѓанин
Сообраќајна несреќа со смртни последици на патот Штип- Кочани