Активностите за расчистување на отпадот на јавните површини во Кочани денеска продолжија со отстранување на мини-депонијата создадена на Полатски пат, во близина на Фабриката за вода во Кочани.
Општина Кочани во соработка со КЈП „Водовод“, со помош на механизација го отстрани насобраниот отпад, а лицата за одржување на комунална хигиена ги чистеа остатоците на овој потег во Ромското Маало во Кочани.
Увид на теренските активности направи и градоначалникот Владко Грозданов, кој повика на одржување на јавната чистота на секој дел во општината.
Интензивните активности за расчистување на отпадот ќе продолжат и претстојниов период.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот Владко Грозданов се сретна со жители од улицата „Константин Апостолов“
Кривична пријава против поранешна директорка на Јавната Здравствена Установа “Гоце Делчев” Делчево
Општина Кочани го објави конкурсот за студентски стипендии за 2025/26 година