Велешанецот Ристо Ѓ. Јачев, почина после долгото боледување.
77 годишниот поет, раскажувач, романсиер, драмски автор и преведувач, ќе биде погребан денес , (28.02) во 13 часот на гробиштата кај црквата „Св.Спас“ во родниот Велес.
Јачев е автор на збирките поезија:„Кавал и магија“ (1967), „Смртта на ангелот“ (1968), „Подземни сенки“ (1973), „Димна гора“ (1974), „Болна градина“ (1976), „Секнати извори“ (1979), „Горница“ (1984), „Сопатникот на сеништата“ (1988), „Ехо на квечерината“ (1989), „Ангел на Христовиот гроб“ (1991), „Камена перница“ (1992), „Смртни песни“ (1994), „Заточеникот на мракот“ (1996), „Велестовски ноќи“ (1996), „Вакафска земја“ (поема, 1998), „Жедна ноќ“ (2000), „Белиот светец“ (2003), „Студен мрак“ (2005), „Зборови и солзи“ (2007), „Под златната шума“ (2009), „Редење на времето“ (2011), „Помнам“ (2013), „Тагата на славејот“ (2016).
Голема популарност стекнаа и неговите романи: „ Кукла“ (1991), „Јаков“ (1993), „Патот на ангелите“ (трилогија, 1996), „Алексеј“ (2002), „Синот на свештеникот“ (2012) и повеста „Вечерни ветрови“ (1972).
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
СДС и грижа за спортот?
Јаневска: Со постоење на лажните дипломи, оние кои реално се градат интелектуално во своето образование ја напуштаат државата
Средба на Македонски пратеници со Пол Мекарти и Џејмс Карафано