БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Превентивни активности за безбедност на децата во сообраќајот во Кочани

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На крајот на учебната година, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со Општина Кочани и Одделението за внатрешни работи – Кочани организираше интерактивни работилници на тема – „Безбедност и правила за децата во сообраќајот“.

Со едукацијата беа опфатени учениците до петто одделение во ОУ „Малина Попиванова“ и ОУ „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани, ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Оризари, ОУ „Климент Охридски“ – Облешево и ОУ „Синиша Стоилов“  од Зрновци.

Целта на работилниците беше низ теоретски и практичен дел со интерактивна презентација, на децата како најранлива група на учесници во сообраќајот да им се презентираат основните правила за безбедност во сообраќајот. Посебен акцент се стави на значењето на  правилното преминување на улица на пешачки премин, потоа на правилата при користење на средства за движење (велосипед или тротинет), како и за улогата на сообраќаецот во регулирање на сообраќајот и значењето на сообраќајните знаци.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На импровизирана крстосница, беше демонстрирано како сообраќаец го регулира сообраќајот, при што учениците имаа можност да научат правилно да се движат на крстосница, почитувајќи ги дадените правила и знаци од страна на полицаецот. По завршување на интерактивната презентација, на учениците им се овозможи да бидат во улога на полицајци со симулација на регулирање на пешаци.

Креирано од:


Пренеси го гласот