БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Приказната „Македонијо, во срце те носиме“ продолжува: МИНА БЛАЖЕВ со топла и емотивна изведба на „По друм одам мајче“

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со огромна почит кон македонското музичко наследство во рамки на проектот „Македонијо, во срце те носиме“, ни пристигнува шестата преработка – темата „По друм одам мајче“ во топла и емотивна изведба на Мина Блажев. Оваа безвременска народна песна, која векови наназад живее како симбол на љубовта и болката, во најновото аранжерско видување на маестро Николче Мицевски, добива современ звук, но го задржува своето срце – македонското.

Секоја нота, секој збор од „По друм одам мајче“ нѐ потсетува дека македонската песна не е само уметност – туку жив споменик на душата на народот. Оваа песна не само што е дел од нашето фолклорно богатство, туку е и огледало на нашата историја, на љубовта и жртвата, на тишината што зборува повеќе од зборови.

Проектот, зад кој стои Скендеровски продукција, веќе силно одекна со претходните изведби, односно досега имавме можност да уживаме во преработките – „Не кажувај либе добра ноќ” (Огнен Здравковски), „Како пиреј” (Ламбе Алабаковски), „Се собрале комитите” (Миле Кузмановски), „Како што е таа чаша” (Спасен Силјаноски) и „Ја излези стара мајко”(Марија Спасовска).

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Сите тие, секоја на свој начин, ни ја враќаат Македонија во душата и нѐ потсетуваат дека музиката е јазикот на нашето национално паметење.

Како што велат и од тимот: „Целта ни е да ја обоиме Македонија со најубавите звуци – звуци кои ќе допрат до секое срце, во секој дом, овде и насекаде низ светот.“

Овој проект е повик да се потсетиме зошто ја љубиме оваа земја – поради нејзините приказни, нејзините луѓе, нејзината песна, а токму таа, песната, нè спојува и кога сме далеку, нè теши кога зборовите молчат и одекнува низ генерации.

„Македонијо, во срце те носиме“ продолжува – со иста љубов, со исто срце.

Уживајте во „По друм одам мајче“ и изведбата на Мина Блажев:

Креирано од:


Пренеси го гласот