Под градоначалничката палка на градоначалникот на општина Виница Митко Костадиновски повеќе денеови веќе се спроведува акцијата за чистење на јавните поврѓини на териоторијата на цела општина. Ангажирани работни екипи посветено го прибираат ѓубрето кое што несовесни граѓани го одложиле на несоодветни места низ општината, а од страна на градоначалникот Костадиновски уште еднаш е упшатен апел за зголемена свесност кај граѓаните за одговорноста при одлагањето на отпадот.
“Денешни активности како дел од акцијата „Чиста животна средина во Општина Виница“, чистење на патот Виница-Градец и влезот на Виница од Берово.
Апелираме до совесните граѓани да пријавуваат одлагање на било каков отпад до инспекциските служби во Општина Виница, воедно информираме дека инспекциските служби се секојдневно на терен и за несоодветно одлагање на отпадот ќе следуваат строги казни согласно закон.”
-напиша на социјалните мрежи градоначалникот на Виница Митко Костадиновски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Напредува процесот за новиот експресен пат Кочани- Делчево согласно предвидената динамика: Презентација на техничкото решение во Делчево
Градоначалникот на Делчево Гоцевски оствари средба со активисти на невладината организација “Жена” од Делчево
Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи