НУ Центар за култура “Никола Јонков Вапцаров” Делчево почнува една нова иницијатива во рамки на своите програмски определби за заживување на градската кино сала во Делчево.
Некогашната “Соколана” длабоко вградена во јавниот живот во Делчево со децении наназад, денес ги има сите предуслови за да заживее на најубав можен начин. Пријатниот амбиент за публиката со удобните столчиња, големото филмско платно, уредената сцена, современата звучна и видео опрема гарантираат задоволително визуелно доживување за секој посетител на нашите содржини кои почнаа да се реализираат во изминатиот период, а кои што ќе се развиваат во периодот кој претстои.
Оваа среда на 12.11.2025 година публиката во Делчево ќе има можност да го проследи филмското остварување “TE DUA Жими мене” на нашиот режисер Марјан Гавриловски.
Оваа урбаната комедија создадена од сценаристот Никола Кузелов на суптилен комичен и саркастичен начин упатува пораки кои што се присутни во секојдневието на сите нас како општество.
Ѕвездената актерска екипа во која е направен убав спој на повозрасните македонски актери со помлада генерација на актери гарантира незаборавни моменти во киното во Делчево.
Влезот за филмската проекција е закажан за 18.00 часот а билетите по цена од 100 денари ќе бидат пуштени во продажба од понеделник 10.11.2025 година како и на билетарата на киното пред почетокот на филмската проекција
-Интегрален текст на соопштение упатено до јавноста од страна на НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” Делчево


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Отстранет отпадот во близина на Фабриката за вода во Кочани
Градоначалникот Владко Грозданов се сретна со жители од улицата „Константин Апостолов“
Кривична пријава против поранешна директорка на Јавната Здравствена Установа “Гоце Делчев” Делчево