БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Сонував дека сум цар. Се разбудив и се уште бев цар- на денешен ден замина последниот Македонски цар

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На денешен ден 13 октомври во 2003 година почина Последниот Македонски Цар.

Ѓорѓи Колозов е роден на 26 февруари 1948 во Богданци. Тој беше еден од попознатите актери во Република Македонија, кој исто така беше познат и кај македонската дијаспора, во Австралија, Соединетите Американски Држави, како и во соседните држави на Балканот.

По дипломирањето на ФДУ, тој е во постојан работен однос со Македонскиот народен театар.Неговата популарност беше резултат на неговото долгогодишно искуство и мошне популарната македонска ТВ-серија „Македонски народни приказни“ базирани врз колекцијата на народните преданија издадени во 19 век од собирачите на македонски народни умотворби, (кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, лингвистиката, националната историја, и за правото и моралот на Македонците), Марко Цепенков, Кузман Шапкарев, Ѓорѓи Пулевски и останати автори на македонската народна литература.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Беше особено популарен кај младите генерации кои растеа со неговите приказни, досетки, реплики и мудрости.

Ликовите кои ги глумеше варираа во најширок обем на карактери како во долгометражните филмови, така и во хумореските, Македонските народни приказни, сериите и во театарот, но сепак негови најпознати улоги меѓу народот беа оние на Царот, Просјакот, Господ-Бог, Кадијата и слично.

Некои луѓе имаат само датум на раѓање.

Ѓорѓи Колозов е еден од нив.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace