БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ТВ серија – Љубов, смрт и роботи (Love, Death & Robots)

Пренеси го гласот

Главни улоги: Скот Вајт, Нолан Норт, Метју Јанг Кинг

Жанр: анимација, комедија, фантазија

Креатор: Тим Милер

Премиера: 15 март 2019 Број на сезони: 1

Времетраење: 15 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Нетфликс објави нова научно фантастична антологија наречена „Љубов, смрт и роботи“ што вклучува 18 кратки филмови. Секоја епизода е сосема различна од претходната, во која се забележува разновидна анимација и CGI технологија, од аниме до хипер-реалистичка компјутерска анимација.

Иако станува збор за анимација, сепак оваа ТВ серија се препорачува за публика над 18 години бидејќи поголемиот дел од епизодите вклучуваат многу насилство и голотија.

„Љубов, смрт и роботи“ ги претставува проблемите на модерното општество. Најчесто се обработуваат тешки и темни теми, што не се за сечие срце.

Креирано од:


Пренеси го гласот