На 30 март, Владимир Четкар ќе одржи концертна промоција на новиот студиски албум „Going Home“ во Менхетен, Њујорк, во популарниот музички клуб „DROM“.
На промоцијата Четкар ќе се претстави со авторска музика од новиот албум како и музика од неговите два предходни студиски албуми „Heavenly“ и „We Will Never End“.Наредната недела четкар патува за Чикаго каде на 5 април, ќе има уште еден настап во клубот „Xippo“.
Од неодамна Четкар има нова веб-страница (vladimircetkar.com) преку која сите љубители на неговата музика ќе можат да бидат во контакт со сите новитети поврзани со македонскиот џез, соул и фанк изведувач.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
„ТЕ ЉУБАМ“ – нова песна од Браво бенд!
Конечно Скопје и Македонија добиваат нов метал фестивал на отворено
Сара Мејс го оживеа божиќниот дух на македонската музика – Божественото патување на Псалм 150 до Давидовата харфа