Нејасно е во кое својство Зоран Заев започна со чистките. Ако тоа го прави како лидер на СДСМ, тогаш следи дека нема ништо од најавеното чистење во владините институции. Можеби, сепак, тоа го прави како премиер? Во тој случај, зошто започнува со чистење на партиските редови и тоа на најниско ниво – општинското?
Второ, зошто чистењето (ако го први како премиер) е селективно, т.е. само во редовите на СДСМ? Можеби затоа што остава секој да ги чисти редовите во својата партија? Меѓутоа, во тој случај, следи дека тој фактички не е премиер, ниту Владата е влада, туку дека претставува механички збир на она што ќе му го понудат (д о з в о л а т!) коалициските партнери (во случајов, ДУИ), бидејќи прав премиер, како и прав мандатoр, има суверено право во формирањето и реформирањето на владата. Во спротивно, наместо владата да биде органска, нераскинлива целина, се преобразува, како што веќе потенцирав, во механички збир. Механичкиот збир (во кој крајниот збор не го има мандатарот/премиерот) не може да биде влада, ниту оној кој го „води“ овој збир може да биде вистински премиер/мандатор, туку е псевдомандатор (мандатор како привид), како и што премиерот е псевдопремиер, односно привид на премиер.
Затоа, Република Македонија со децении не може да заздрави, ниту е способна да реши најелементарен проблем, бидејќи во неа одамна е избришано постоењето на влади, кои се супституирани/заманети од резултатите на меѓупартиските пазарења и интереси.
Македонија, во секој случај, е чудо.