БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љупче Петрески: ЗА ПРИМИТИВИЗМОТ НА ВЕРАТА

Пренеси го гласот

Колку верниците ја познаваат вистинската вера? Моето свештеничко искуство ми кажува дека не сите што ги посетуваат храмовите и богослужбите и, не сите што се причестуваат со светите Христови Тајни, ја познаваат вистинската вера.
Што мислите, дали е можно некој често или редовно да оди во црковните храмови на богослужби, а сепак да биде празноверен? Секако дека може! Тие се оние православни кои, од една страна, секојдневно се присутни во храмовите, се молат но, од друга страна, потпаднале под празноверието, вербата во празно или поточно – суеверието, кое, пак, претставува најпримитивен начин на верување. Тоа значи дека „верата“ на овие луѓе не е цврста, зрела, оформена и однегувана. Верата не се добива како готов дар, ами таа треба да се негува, да се храни преку примањето на Светите Тајни, редовна молитва и т.н.
Но уште потрагично е што мнозина од нив не ги прифаќаат поуките и советите од свештениците. Тоа најчесто го прават дел од повозрасните, односно бабите (не сите), кои нели, ревносно заштитуваат некакво „предание“, особено забележливо кога се извршуваат опела и помени на починати, но и во многу други случаи. 
Затоа, слободно можеме да кажеме дека напоредно со православното богословие и предание, меѓу меѓу нашиот народ битисува и „бабино предание и богословие“ кое претставува мешавина од црковни и месни традиции, верувања и, во случајов најважното, суеверијата. 
Вознемирува фактот дека мнозина млади луѓе, поучени од постарите, подлегнуваат на овие празноверија (суеверија) и ги прифаќааат како тие да се дел од православната вера и предание и како последица на тоа не добиваат вистинска претстава за верата и тргнуваат по патеки кои ги оддалечуваат од Бога и вистинската вера.
Продолжува …

Креирано од:


Пренеси го гласот