БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Љупчо Папазов: Власта го загуби мнозинството во Кочани, следуваат промени

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На прес конференција кандидатот за градоначалник на Кочани Љупчо Папазов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Обнова на Македонија” ја изрази својата благодарност за големата поддршка што ја доби во првиот круг од локалните избори кои се одржаа во недела.

Според бројот на освоени гласови Љупчо Папазов му дише во врат на актуелниот градоначалник Николчо Илијев со 473 гласови разлика во корист на Илијев. Ваквата разлика во гласови е лесно достижна со оглед на про-опозициското расположение не само во Кочани туку и пошироко во државата и регионот..

Почитувани сограѓани, дозволете ми да изразам благодарност за големата поддршка и довербата што ми ја укажавте во првиот круг на локалните избори. Го поздравувам демократскиот амбиент во којшто помина изборниот ден, со исклучок на одредени поединечни случаи. Граѓаните јасно ја демонстрираа определбата за промени во целата држава и ги казнија погрешните политики на Заев и СДСМ. Таквиот бран на промени го зафати и Кочани – власта го загуби мнозинството на локално ниво. Драги кочанчани, ве повикувам слободно и одлучно да се приклучите на промените што неминовно следуваат и заедно, обединети и сплотени да создадеме нова иднина каква што Кочани заслужува.”

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-соопшти Љупчо Папазов, кандидат за градоначалник на Општина Кочани од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на денешната прес конференција

Креирано од:


Пренеси го гласот