БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Васил Маневски со заложба за возобновување на Меѓународната културно-научна манифестација “Гоцеви Денови” во Делчево

Последен пат Меѓународната културно-научна манифестација "Гоцеви Денови" во Делчево се одржа на 13.07.2013 година во организација на истоименото здружение, под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија
HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Роднокрајниот писател и новинар во пензија Васил Маневски пред споменикот на паднатите борци во Втората Светска Војна 1941-1945 во Делчево (тогашно Царево Село) денес зборуваше за загубената традиција на организацијата на Меѓународната манифестација “Гоцеви Денови”.

“Убав повод е кога го славиме Илинден во градот што го носи името на Гоце Делчев, да потсетиме на веќе една подзаборавена културно-научна манифестација “Гоцеви Денови”. Манифестација која ги обединуваше литературните творци, играорците, театарските работници… сите љубители на убавата уметност и научниот збор. Ја користам приликата да потсетам да размислиме заедно за возобновувањее на култната манифестација “Гоцеви Денови” овде во Делчево. Мојот апел е до народните претставници во општинското собрание, да покренат иницијатива а Советот да донесе одлука за возобновување на манифестацијата и тоа да не чекаме долго туку уште наредната година со планирањрто на буџетот да бидат предвидени скромни сретства за таа намена а тоа и не бара многу. Така ќе го вратиме сјајот на манифестацијата, така ќе овозможиме голем број луѓе од политичкиот од културниот од општествениот живот па и наши сонародници од другите земји да доаѓаат во Делчево да го славиме великанот Гоце Делчев и да го славиме нашето вековно постоење, со желба во иднината секогаш да не води неговата мисла за разбирањето на светот како поле за културен натпревар меѓу народите.”

-изјави за нашиот портал г-динот Васил Маневски во врска со идејата за возобновување на манифестацијата “Гоцеви Денови”.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace