Нашите маси народни, широки.
Ниту сватиле, ниту пак разбрале,
Дека јунаци како Зоки,Кате и Боки
Срце и душа за Македонија би дале.
Верувале или не, се случи чудо:
Трансфер меѓу северот и југот
А правдата спие и молчи судот
Таква ни е судбината, нема друго.
Нека, Македонија навикнала да чека!
Истрпела многу, ќе трпи уште малку,
Сигурно нема да чека пет века
Кој ќе преживее, ќе раскажува и толку…
Па кај нас и не било се така црно,
Од азното собрано на купишта
На пензионерите дадоа мало зрно,
За да си молчат, за да не вриштат.
И ете се така се врти во круг,
Безмилосна е борбата за фотелја
Еден станува – седнува друг,
Народот никако да куртули од белја.
Пишува: Васил МАНЕВСКИ

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција