БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Депонијата во Штип постојано гори а надлежните немаат храброст за тоа да проговорат во јавност

Пренеси го гласот

На прес конференција од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип, локалните власти кои се надлежни за состојбата со животната средина во општината ги повика на одговорност во врска со неповолната состојба со депонијата во Штип.

Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ од Штип проговори јавно за лошите состојби во кои се наоѓа ова проблематично прашање како за штипјани така и за поширокиот регион, затоа што ваквата состојба со градските депонии се пресликува во сите општини од Брегалничкиот регион.

Во продолжение интегрално ја пренесуваме неговата прес конференција со која тој ја алармира јавноста за овие несакани состојби:

“Додека евидентираме огромна загаденост, депонијата секојдневно гори, но ниту еден од функционерите на власт нема храброст јавно да проговори за тоа!

И сето ова поради несоодветното оперирање со неа.

Но, да почнеме со ред.

Депонијата во Штип, со која управува ЈП-Исар е во категоријата санитарна депонија. Но, за жал, во истата не се спазуваат основните законско утврдени норми за одржување. Таа се третира како обично ѓубриште, кое секој може да влезе и да ја запали.

ЈП-Исар не врши примарна селекција на отпад! Целиот отпад завршува на овој простор, се одлага и нема дневна покривка со земја, па поради тоа на овој простор се среќаваат секакви типови на живина, стока и инсекти, кои се ризик за зарази и можни епидемии.

Поради тоа што на депонијата нема чуварска служба, таа е оставена на милост и немилост на секојдневните дваесет до триесет посетители. Дали тие или некој друг ја пали и го зголемува и така огромното количество на опасни ПМ честички, ќе оставиме да одговори ЈП Исар…

Депонијата од 2017 до денес неконтролирано се шири, создавајќи опасност од загадување на почвата и подземните води.

Почитувани сограѓани,

Ова што ни се случува во изминативе две години е невидено до сега!

Очигледната негрижа за животната средина, која се гледа од секое испарување на нашата депонија, е огромна опасност за Штип и штипјани!”

Креирано од:


Пренеси го гласот