Во текот на вчерашниот ден Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски заедно со Претседателот на комисијата за надворешни работи на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски остварија работни средби со оретставници на Републиканската и Демократската партија во САД.
Притоа главен акцент на средбата било ставено врз безбедносните прашања во Југоисточна Европа каде огромна улога игра и безбедноста на Република Македонија.
Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението за јавност на Александар Николоски во врска со оваа средба:
“Oстваривме средби со сенаторите Ли и Моран и Конгресмените Дојл и Клајн
Заедно со Антонио Милошоски во рамки на работната посета на Вашингтон САД остваривме работната средба организирана од сенаторот Мајк Ли од Републиканската партија и конгресменот Мајк Дол од Демократската партија. Исто така имавме и работна вечера со сенаторот Џери Моран и Бен Клајн двајцата претставници на Републиканската Партија во САД. Главни теми на состанокот беа зацврстувањето на политичката, трговската и безбедносната соработка на САД со земјите од Југоисточна Европа, како и потенцијалите на Македонија во остварувањето на овие заеднички цели.
Ги информиравме соговорниците за состојбата во Македонија при што потенциравме дека во Република Македонија корупцијата цвета, а економијата тоне. Слабата реализација на реформи и слабата борба со криминалот и корупцијата ја уназадуваат Македонија и државата изгуби три години со Заев и СДСМ. На средбата беше заклучено дека борбата со корупцијата и владеењето на правото се од огромно значење за Македонија и нејзиниот напредокот кон евро-атлантските интерграции.
Исто така ги информиравме своите соговорници и за обидот на Заев да избега од избори на 12ти Април и одговорноста која следи. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи одложување на изборите и истите ќе се одржат на 12ти април, а после победата на изборите доаѓа обновата на Македонија!”

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!