Виница со екстра примамлива понуда за голем број на посетители, за претстојниот празник Павловден. Ќе уживате во организација зачинета со концерти, филмски проекции, театарски престави, изложби и слични активности. Манифестацијата ќе започне на 9 , а ќе трае до 13 јули (Павловден).
За првпат наш специјален гостин со двочасовен концерт ќе биде групата Љубојна. Концерт, што ќе се оддржи токму на Павловден, вечерта на плоштадот Ангел Винички. Ќе промовираме книга со стари зборови-архаизми од наш стар учител, сега во пензија, почитуваниот Ангел Богатиновски. Промоцијата ке се оддржи на 13 Јули, веднаш по оддржување на свечената седница на Советот на општина Виница, на која ќе ги наградиме учениците на генерацијата од четирите деветолетки и средното училиште во Виница.
изјави градоначалникот Ивица Димитров.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Планинари, граѓани и службени лица на армијата и полицијата ќе маршираат заедно во чест на 150 годишнината од Разловечкото востание
Тече литературниот конкурс за 150 годишнината од кревањето на Разловечкото востание кој го распиша ЈЛБ “Илинден” Делчево
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (четврти дел): Школството и просветителскиот живот во село Разловци во минатото