БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во изминатите 5 месеци државата се движи во позитивен правец, а владата има мнозинска поддршка за мерките кои ги спроведува

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Според резултатите во најновото истражување на агенцијата Маркет Вижн направено за потребите на порталот МКД.МК може да се направи анализа на ефектите од практикувањето на власт на актиелната влада во изминатите 5 месеци, кои што директно имаат рефлексија врз животот и стандардот на граѓаните.

Станува збор за спроведена анкета во период од 6 до 15 декември година со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

Според наодите на истражувањето на директни прашања граѓаните се изјасниле дека имаат позитивна перцепција за работата на владата во првите пет месеци од мандатот и дека новата Влада на Македонија предводена од премиерот Христијан Мицкоски главно ја имаат поддршката на македонските граѓани во однос на спроведените мерки. Во анкетата се застапени прашања кои се однесуваат за користењето на сретствата од заемот од Ункарија, како и ефектите од мерката за воведување на намалени цени во т.н. новогодишна кошничка за самите граѓани.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во однос расположението на граѓаните кон политиките на владата, забележив е нагорен тренд во довербата на граѓаните кон владините политики во споредба со катастрофалниот рејтинг на претходната влада од пред изборите на СДСМ и ДУИ. Така 35,6 отсто од испитаниците сметаат дека насоката во која се движат работите во државате е правилна, а за 34,3 отсто од нив – погрешна, додека ваквата перцепција од времето на владеењето на СДСМ и ДУИ беше доминантно негативна.

Во контекст на ваквиот нагорен тренд на враќање на довербата на граѓаните кон владините институции, македонските граѓани, според ова истражување, се задоволни од работата на Владата во изминатите пет месеци –  вкупно 38,9 отсто од испитаниците одговориле дека се задоволни или се многу задоволни, неутрални се 24,4%, а 31,2 отсто одговориле дека не се задоволни или воопшто не се задоволни.

Како предводник на политиките на владата граѓаните според резултатите на анкетатат дале позитивна оценка за работата на премиерот Христијан Мицкоски: Вкупно 40,3 отсто од испитаниците одговориле дека се задоволни или многу задоволни од досегашната работа на Премиерот што е исклучително позитивна перцепција искажана кон некој политичар гледано во минатото.

За мерките кои оваа Влада ги презеде, особено оние поврзани со распределбата на средствата од кредитот од Унгарија, македонските граѓани главно имаат позитивиен став, препознавајки го влијанието на поволните финансиски сретства кои што ќе влезат во Македонската економија и стопанство како и развој на јавната инфраструктура.

Во анкетата на Маркет Вижн е опфатена и влијанието на мерката за вовеедување на намалени цени на производите од малопотрошувачката пред новогодишните празници (т.н. новогодишна кошничка) за која граѓаните исто така го искажале својот доминантно позитивен став.

Креирано од:


Пренеси го гласот