Откако се појавија информации во јавноста дека незадоволството на граѓаните во Кочани се провоцира од страна на партиски активисти на СДСМ и Левица, кои што во благородната идеја за борба против загадувањето сакаат да вметнат своја политичка борба за позиционирање пред претстојните локални избори, до нашата редакција пристигнаа и дополнителни информации од страна на граѓани кои што алармираат дека поединци во Кочани сакаат да профитираат на грбот на граѓаните, злоупотребувајки ја целата состојба околу градската депонија.
Имено од извори кои што сакаат да останат анонимни дознаваме дека преку поттикнување на незадоволството на граѓаните и иницирање на протести против властите, одредени поединци од Кочани поврзани со агенции за обезбедување на имот, сакаат да се наметнат себеси за пари да вршат обезбедување на градската депонија во Кочани и тие всушност да го регулираат влезот во депонијата.
Моменталното решение кое што го спроведуваат локалните власти во Кочани а по барање на граѓаните е обезбедувањето на градската депонија да го вршат службени лица од КЈП “Водовод” Кочани така што ова обезбедување нема да биде дополнителен трошок на граѓаните.
Но ваквото решение не им одговара на одредени поединци кои што сакаат дебело да профитираат преку обезбедување на депонијата, со цел да испумпаат пари од буџетот на надлежните институции, шират паника помеѓу граѓаните, поттикнувајки некакви протести од кои што самите тие сакаат да профитираат.
Било какви блокади на актуелниот процес за затварање на депониите во источниот и североисточниот регион и отварањето на модерна фабрика за преработка на отпад во село Мечкуевци, НЕ СЕ во интерес на граѓаните кои што децении наназад мака мачат со градските депонии но и со мноштвото дивии депонии кои што поради неспособноста на поранешните власти предизвикуваа закана за животната средина.
Актуелните локални власти во Кочани но и целиот регион имаат целосна поддршка на централната власт да обезбедат ефикасни мерки за брзо и најделотворно затварање на сите депонии низ регионот вклучително и депонијата во Кочани, чие што решение е единствено во продолжување на започнатиот проект и процес за изградба на фабриката за отпад во селото Мечкуевци во Свети Николе.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ДЕЛЧЕВО ДОБИВА СОВРЕМЕНА СПОРТСКА САЛА!
Делчево: кадар, мамограф и нови возила за Брза помош
65 годишен жител на Македонска Каменица лишен од слобода затоа што се заканувал на својата 57 годишна сопруга