Откако во 2021 година набрзина и неодговорно беше донесена одлуката за претварање на кочанската депонија во претоварна депонија за комунален смет за околните помали општини, од страна на тогашната Влада на СДСМ и ДУИ предводена од Премиерот Зоран Заев, граѓаните на Кочани со право беа револтирани од ваквата одлука. Донесената одлука на хартија создаде неконтролирано депонирање на комунален смет во Кочанската депонија со постојана опасност од потпалување на истата а со тоа и емисија на отровни гасови во атмосферата на Кочани. Ваквата донесена одлука на хартија е типичен пример за тоа како не треба да се носат вакви одлуки без соодветна логистика и оперативен план од страна на тогашната влада на терен.
По ескалацијата на состојбата за која беа кренати и протести и блокади пред влезот на депонијата во Кочани, поради непостоење на никаков оправдан план за оваа одлука на владата во изминатите 3 години , актуиелната влада во најкус можен рок реализираше повеќе активности со кои што се ублажија ефектите на оваа одлука од 2021 година.
Во интерес на граѓаните Брегалнички.мк како медиум во изминатиот период постојано известуваше за состојбите околу депонијата во Кочани, но и во останатите депонии во Брегалничкиот регион а истото ќе продолжиме да го правиме и во иднина, се со цел за успешно надминување на деценискиот проблем со состојбите со депониите за комунален смет преку воспоставување на новата фабрика за преработка на отпад во атарот на село Мечкуевци во Свети Николе, со што трајно ќе се реши оваа рак рана на регионот.
За таа цел денеска остваривме телефонски разговор со Ана Симонова која што е истакнат граѓански активист во борбата за подобра животна средина од Кочани која што е и претседателка на невладината Грин.орг од Кочани. Според Ана Симонова реализацијата на проектот за воспоставување на новата депонија во село Мечкуевци каде ќе се преработува селектиран комунален смет не само од домаќинствата во Кочани туку од целиот регион, МОРА да продолжи според зацртаното темпо, но со целосна посветеност на надлежните институции. Според Ана реализацијата на овој тековен процес е единствениот ефикасен начин Брегалничкиот регион и Кочани да се ослободат од постојните депонии на долг план.
Моменталната состојба со кочанската депонија која во изминатиот период беше уредена и третирана со соодветни препарати и биокултури за да се спречи нејзино потпалување е потребно постојано да се следи за што како граѓански активисти добиле гаранции од сите надлежни дека нема да се дозволи загрозување на животната средина и неконтролирани појави кои негативно може да се одразат на животната средина околу депонијата.

Ваквото времено решение вели Ана Симонова за нашиот град е потребно за да трајно биде решен проблемот со кочанската депонија и депониите ширум источниот и североисточниот регион.
“Точно е дека чадењето го загрозува здравјето на граѓаните. Токму затоа инициравме протести со што надлежните го послушаа гласот на граѓаните и овозможија видео надзор, физичко обезбедување, оградување и уредување на депонијата со механизација, како времена мерка за санирање на состојбата. Дислокацијата на депонијата е трајно решение и проектот мора да прдолжи со реализација до конечно воспоставување на фабриката за преработка на отпад во село Мечкуевци. Поединци во ниту еден случај не смеат да го спречат неговото имплементирање бидејки овој проект е од суштинска важност за граѓаните на сите општини во регионот,”
-вели за Брегалнички.мк Ана Симонова- граѓански активист од Кочани која што е детално запознаена со целокупниот процес околу проблематиката со градската депонија во Кочани.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене