Неодговорноста и штетните одлуки на владеењето на СДСМ од минатите години граѓаните на Македонија ги чувствуваат и ден денес. Тоа на најлош можен начин го осетија жителите на Кочани преку штетноста на Одлуката на Зоран Заев како Премиер на Владата од 2021 година, кога со негов потпис Кочанската депонија за комунален смет беше прогласена за собирна депонија за повеќе околни општини, без притоа да се земат во предвид сите закани за безбедноста на животната средина и да бидат понудени решенија за истите.
И неодговорноста на таа влада на СДСМ и Зоран Заев да биде целосна, процесот бил воден без било какво учество на мислењето на граѓаните на Кочани, кои денес мораат да живеат со последиците на оваа одлука на Зоран Заев.
Со Одлука на Влада за начинот на работа и постапување со постојните локации за отстранување на отпад и определување на временските локации за отстранување на отпад до периодот на изградба на регионалната депонија за источниот и североисточниот регион, донесена на седница на владата со која претседателствувал лично Зоран Заев на 19 јули 2021 година, било одлучено да се затворат и исчистат депониите во околните општини Виница, Чешиново-Облешево и Зрновци а комуналниот смет да биде транспортиран во депонијата во Кочани се до отварање на меѓурегионалната депонија во село Мечкуевци.
Во продолжение го пренесуваме целиот текст на оваа штетна одлука со која не се води никаква сметка за заштитата на животната средина во Кочани на краток и среден рок и можните негативни теренски состојби кои се создаваат со истата:





За да штетата биде уште по драматична врз состојбата со животната средина поради депонираниот комунален смет во депонијата во Кочани по падот на владата на Зоран Заев, владат на СДСМ и ДУИ предводена од Димитар Ковачевски не направи речиси никаков напредок во забрзување на процесот за изградба на меѓурегионалната депонија во атарот на село Мечкуевци а отпадот во депонијата во Кочани продолжи де се трупа до ден денешен.
Како резултат на неспособноста и штетноста на владата на СДСМ во изминатите месеци состојбата во кочанската депонија ескалираше поради оправдан револт на кочанчани, но со многу манипулации и лажни информации пласирани од про-опозициски структури поврзани со Левица и СДСМ кои се обидуваат политички да профитираат од проблемите на граѓаните на Кочани кои владата на СДСМ на највисоко функционерско ниво ги предизвика во минатото со оваа владина одлука погоре.
Актуелната локална власт во Советот на општина Кочани, Градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов во изминатиот период со сите сили се бори да издејствува санација на состојбата со кочанската депонија согласно потребите и барањата на граѓаните на Кочани, а во целиот процес своја помош овозможи и Владата преку своите ресорни министерства. Така своја опфатна акција имаше Министерството за Транспорт во изминатите неколку недели, но и Министерството за локална самоуправа и Министерството за животна средина и просторно планирање. Исто така од страна на владата забрзана е максимално постапката за реализацијата на проектот за воспоставување на новата меѓурегионална депонија во Мечкуевци, со што се очекува акутниот децениски проблем до отпадот во цел Брегалнички регион да биде решен ефикасно согласно сите законски позитивни норми во иднина.
Несомнено процесот на воспоставување на меѓурегионалната депонија во атарот на село Мечкуевци е неповратен процес кој ќе го реши проблемот до комуналниот смет во регионот на долг рок, а клучен елемент во неговата успешност е временскиот фактор кој колку е пократок толку граѓаните ќе ги немаат проблемите со загрозување на животната средина од прифатната депонија во Кочани. Секако обидите на поединци- маргиналци политички да профитираат од целата ситуација не допринесуваат кон суштинско решение на “главоболките” на кочанчани кое најсоодветно може да се надминат само со целисходна имплементација на проектот за воспоставување на меѓурегионална депонија во с. Мечкуевци кој е води од надлежните ресорни органи.
Дополнително нашата редакција дојде до информации од граѓани на Кочани кои се упатени во проблематиката а кои говорат дека поединци во Кочани сакаат и финансиски да профитираат од маките на кочанчани, наметнувајки се како физички и правни субјекти кои сакаат да вршат физичко обезбедување на просторот на депонијата во Кочани за возврат на платени услуги за Агенции за обезбедување, додека шират лажни информации за целиот процес и подгреваат револт врз основа на манипулации меѓу граѓани на Кочани.
Како што е познато во јавноста надлежното КЈП “ВОДОВОД” Кочани излезе во пресрет на сите барања на граѓаните кои штрајкуваа пред неколку недели вклучувајки и физичко обеџбедување на локацијата со лица од редот на вработени во јавното претпријатие.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип
ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА ОКР ВО ОПШТИНА ВИНИЦА
Распишан конкурсот за општински стипендии за академската 2026/27 година