Македонскиот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски убедливо е на првото место на листата на политички лидери во кои граѓаните на Македонија имаат доверба. Партијата ВМРО-ДПМНЕ и натаму е првата политичка партија за која македонските граѓани повторно би гласале ако утре се одржат нови парламентарни избори. За првпат коалицијата Вреди е пред ДУИ, а СДСМ после ДУИ. Oва се дел од резултатите на истражувањето на јавното мислење кое за МКД.мк го спроведе агенцијата Маркет вижн од 6 до 15 декември на 1.200 испитаници.

На прашањето во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба, 27,2 отсто од испитаниците одговориле дека тоа е Христијан Мицкоски. На второ место со само 5,3 отсто доверба е Али Ахмети, претседателот на ДУИ. По него следуваат Максим Димитриевски и Венко Филипче со по 3,6%, па Арбен Таравари (2,9%), Димитар Апасиев (2,26%), Изет Меџити (1,8%), Биљал Касами (0,7%), Зијадин Села (0,5%), Африм Гаши (0,2%)
За првпат во македонската политичка плурална историја на второ место меѓу политичките лидери е претседател на партија на Албанците во Македонија. Тие две места досега беа „резервирани“ за лидерите на ВМРО-ДПМНЕ или на СДСМ. Актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, го дели третото место на оваа ранг-листа заедно со Максим Димитриевски, претседателот на новата партија ЗНАМ. А како партија, СДСМ, се дури на четвртото место после ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Вреди.
Оваа анкета беше спроведена од страна на агенцијата Маркет Вижн за потребите на порталот МКД.МК.
Анкетирањето беше спроведено од 6 до 15 декември година со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Миџкалис Рохас се сретна со невладини организации за да го презентира Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
Обвинение за организација на борби со кучиња
Лишена од слобода радовишанка поради лажна дојава за бомба во училиште во Радовиш, поднесена е кривична пријава