На 6 декември 2011 година, на 52-годишна возраст почина Гоце Арнаудов, познат македонски пејач на народна музика.
На десетгодишна возраст почна да свири гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование ја формира групата „Крик“, со која се претставуваше низ цела поранешна Југославија.
Во Македонија се врати во 1993 година, а во 1994 година на Фолк фест – Валандово ги освои сите награди со песната „Дали чекаш стара мајко“.
Пет години беше прогласуван за најпопуларна личност на Македонија, а учествата на Фолк-фест Валандово му донесоа 22 награди. Неколку пати ја доби наградата за интерпретација на најголемиот пејач „Никола Бадев“ на фестивалот „Гоце Фест“.
Редовно учествуваше на турнеи во Европа, Америка и Австралија. Ќе остане запаметен по песните „Ех да беше стрела песната”, “Дали чекаш стара мајчице”, “Ќе пијам ќе лумпувам”, “Свири мајсторе”, “Полни бре меанџијо”…
Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1959 година.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Празнување на Света Троица-Духовден (Педесетница) во село Град, делчевско: Световен собор на селото
Празнувањето и симболиката на Спасовден – Празникот на Христовото вознесение
Празнувањето на Ѓурѓовден во нашиот регион е поврзано со будењето на пролетта, будењето на животот