На 22 јуни 1942 година на смрт со стрелање во Софија од страна на официјалните државни власти кои што наголемо го прифатиле фашистичкиот наратив на делување диктиран од оската Берлин-Рим-Токио, се осудени Никола Јонков Вапцаров, Антон Попов, Антон Иванов, Атанас Романов, Петар Богданов и Георги Минчев.
Пресудата била извршена на наредниот ден во попладневните часови на 23 јуни 1942 година во софискиот затвор. Пред извршувањето на пресудата поетот и револуционер Антон Попов ги пишува своите последни зборови, кои ја отсликуваат целокупната негова борба и залагања.
„Умирам за еден нов свет, којшто ќе огрее со толку светлина, со толку убавина, така што мојата жртва за него не е ништо. Умирам горд со името на својот народ, за чие што добро работев до последен миг, за чија што добра иднина умирам“.
Пред извршувањето на пресудата Антон Попов истиот ден се венчава со свршеницата Росица Манолова со што ја овековечуваат нивната младешка љубов за век и векови.

Антон Попов е роден во село Игуменец (денес во Гега), Пиринска Македонија, на 20 октомври 1915 година.
Антон Попов бил еден од најпрогресивните интелектуалци, македонски писател, комунист, учесник во илегалниот отпор против фашистичкиот режим во Бугарија. Бил еден од основачите на Македонскиот литературен кружок.

АНТОН ПОПОВ во својот дневник во 1938 година, во текстот „Млада Македонија“ ќе напише:
„Беснееја на македонската земја разни господари. Срби, Турци, Грци, Бугари… Тогаш, од македонската нива сите тие береа. До денеска само на еден правото не го признаа. Правото на Македонецот да ја ора својата земја и единствено тој да го бере плодот од својата нива. Стариот господар на таа земја, правото на големиот македонски дух – не беше признат. Кој ги инспирира настојувањата да се избрише македонското сознание, македонското име, да не го признаваат правото на македонскиот народ да биде господар и чувар на својата родна земја?“



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (осми дел): Интервју со архитектот Георги Константиновски за Нова Македонија од 1982 година за проектот на Спомен домот на Разловечкото востание
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (седми дел): За знамето на Разловечкото востание
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (шести дел): Овие две жени го извезале оригиналното знаме на Разловечкото востание 1876 година во Солун