Пратеникот Драган Ковачки од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска беше во теренска посета на жителите на руралните општини Чешиново-Облешево и Карбинци. Во рамки на средбите со граѓаните тој имаше можност да поразговара за социо-економските услови во кои што живеат граѓаните на овие сиромишни општина во Брегалничкиот регион.
“Во текот на денешниот ден остваривме посета на општините Чешиново-Облешево и Карбинци и поразговаравме со граѓаните.
Во овој крај на Македонија, економскиот пустош предизвикан од владеењето на СДС е видлив и поттикнува на миграции – иселување.
Видливо е нерасположението од централната власт на СДС и нивниот полтронски однос кон ДУИ.
После преземањето на централната власт, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата има механизми кои ќе ги примени за помош и развој на општините, а со тоа ќе допринесе и за подобар стандард и живот на граѓаните.
-информираше пратеникот Драган Ковачки од терен.
ДРУГИ ОБЈАВИ
Голак викендов беше атракција за многу сограѓани, штета што е заборавен од надлежните институции
Во Делчево кантите за ѓубре немаат дно, исто како и власта
Во Виница се работат планираните инфраструктурни проекти со напредна динамика и покрај тековните врнежи на снег